Организиран криминал и корупција (скрипта)
Book information
Description
Организираниот криминалитет и корупцијата како транснационална закана, добиваат своја тежина низ годините, со сѐ поголемите миграции на народите и зголемувањето на прекуграничната соработка. Перманентното следење на појавата, и нејзиното развивање во понови појавни облици, modus operandi, профилирањето на сторителите, анализата на нивните побуди, се стартна основа за запознавање со материјата и нејзино продлабочување. Борбата против транснационалниот организиран криминалитет и корупцијата условува здружување и унификација меѓу државите, затоа е нужно да ја запознаеме истата, пред сѐ од правен аспект, од аспект на актите што се носат, нивните цели, и обврските што ги наметнуваат за потписничките. Фрапантниот развој на овој криминалитет, воопшто не е за потценување. Затоа, круцијално за секој иден правник е да се запознае со неговото поимно определување, неговите манифестирања во реалноста и со динамиките на спроведување. Свртувањето кон домашната борба против транснационалниот организиран криминалитет и корупцијата, и активностите на националните тела во оваа насока, треба да се разгледува низ призмата на поголемото добро. Преку нивната анализа, истовремено со нејзино компарирање регионално и меѓународно, најдобро можеме да создадеме конструктивна правна критика за натамошна поефективна и навремена борба. Подготвеното учебно помагало е наменето, пред сѐ, за студентите од првиот циклус на студии на правните науки, но исто така може да послужи и за студентите од вториот циклус на студии кои се насочени кон совладување на кривичноправната и меѓународната правна област.
Similar books
Меѓународно казнено право
2020 · PDF
Славофраз 2017: Имињата и фразеологијата / Имена и фразеология
2018 · PDF
ИСУС НАША СУДБИНА
1999 · PDF
Marksizam i samoupravuvanje za I klas
1982 · PDF
Народни умотворби од Пиринска Македонија / Narodni umotvorbi od Pirinska Makedonija
1950 · PDF
Басни
1966 · PDF
Predvesnici na burata : memoari / ПРЕДВЕСНИЦИ НА БУРАТА МЕМОАРИ
1997 · PDF
Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941—1945
1983 · PDF