MACEDONIAN

Народни умотворби од Пиринска Македонија / Narodni umotvorbi od Pirinska Makedonija

Book information

Publisher
Državno knigoizdatelstvo
Year
1950
Language
macedonian
Format
PDF
Filesize
53 MB (55244342 bytes)
Pages
286\292
Topic
Literature Poetry
DPI
600
Orientation
portrait
Paginated
yes
Scanned
yes
Time added
2024-10-19 11:34:44

Description

ПРЕДГОВОР Распрснати во разни стари и ретки изданија, нашите народни умотворби долго време останаа непознати за нашата поширока читателска публика. Одвај дури по ослободува- њето на нашиот народ од фашизмот, се јавија возможности да се запознае нашата поширока публика со еден мал дел од нашите народни умотворби. Но дури првите изданија од на- шите народни умотворби, поради најразлични причини, оп- фаќ’аа повек’е творби запишани во западните краишта од нашата земја, народните умотворби од источните македонски краишта останаа скоро непознати за нашата читателска пуб- лика. Особено народните умотворби од Пиринска Македонија не најдоа пошироко место во нашите малубројни и тесно замислени изданија на нашите народни умотворби што изник- нале во тој дел од нашата земја. Појдувајк’и од желбата да им се покаже на нашите чи- татели повек’е видови народни умотворби од тој крај, требаше да се разгледаат сите изданија. во кои се печатени народни умотворби од Пиринска Македонија. Се разбира дека некој мал број многу ретки изданија не можеа да бидат исползува- ни, но најпотполните и најпознатите изданија, почнувајк’и од разлошките песни во „Додатокот” од Вук Ст. Караџик’ па до XXXVI број на ,5Сборникот за народни умотворенија’’ беа о- билно ползувани. Особено тоа важи за ,,Сборникот” од Сто- илов, од кој се земени најмногу, а може и најубави песни. Поради тоа, во оваа збирка не треба да се бара некаква стегнатост, строго поврзување на материјалот во една идејна целост, каква што понекојпат може да се најде во некои ант тологии. Основна врска што ги сврзува овие народни умо- творби е само таа што се Тие од еден крај на нашата земја. Ако се издаваше само еден вид народни песни (љубовни, обичајни и сл.), тогаш во таква една антологија може да се бара и поголема внатрешна, идејна поврзаност. Но иако таа врска мег’у деловите во оваа збирка ја нема, сепак во оддел- ните видови песни може да се најде извесна поврзаност, иако, во некои делови (особено во лирските песни), одвај може да се зборува за некоја целост, бидејќ’и сите видови лирски песни се идејно крајно различни. Сето тоа и не’ натера да ги поделиме овие умотворби на чисто формални делови: на епски, епско-лирски песни, лирски песни и приказни. Во делот епски песни се земени разни песни за феудални јунаци за познати општобалкански јунаци. Бројот нивни во оваа збирка не можеше да биде голем. Освен тоа што повеќ’е место не можеше да им се даде од чисто тех- нички причини, поголем дел од нив ни по содржина, ни по форма не претставуваат нешто поособено. Некои од нив се, најчесто, невешто композиционо и метрички составени песни, што секако не изникнале во тој крај, но се донесени по разни начини од други страни. Најдолгата од нив „Дете Малианче” е чудно смешување на епски елементи од разни песни и еле- менти на народните приказни. Се разбира дека во нив можаТ да се најдат како одделни песни, така и нивни делови преда- дени со сочен и образен јазик. Вториот дел — епско-лирските песни — е најобимен и најинтересен дел од оваа збирка. Во него се влезени песни што зборуваат за големи трагедии на силни личности што се често готови се’ да жртвуваат за својата чес за своите жи- вотни принципи. Најубави мег’у нив се секако оние елегии, во кои несреќ’ната, девојка пред смртта се проштава со своите блиски, но и понатака, и по смртта, сака да живее со споме- нот за нив. По својата длабочина на чувствата, по својата емоционалност, тие секако влегуваат во најдобрите работи од нашата народна литература. Во делот лирски песни оппфатени се, со по некоја песна, повеке видови лирски песни. Централно место во нив им се дава на љубовните песни во најопштата смисла на зборот, бидејк’и тие мег’у лирските песни претставуваат најсочни и најинтересни песни. Паѓ’а в очи дека мег’у песниве нема песни од илинденската епоха. И поред најголемата желба на редакторите да најдат во досега печатените умотворби од Пиринско комитски песни, тие не можеа тоа да го направат. Веројатно некаде по музеите во Бугарија лежат неиздадени комитски песни од Пиринско, без да можеме да се надеваме дека скоро к’е ги читаме. Чудно би било ако ликот на легендарниот Гоце и неустрашивиот јане не би биле испеани во песните од тој крај. Треба да се забележи дека и некои песни од оваа група се сосем блиски со епско-лирските песни, та би можеле и таму да влезат. Границата мег’у песните од овој тип и епско-лирските е повек’е искуствена и субјективна. Делот „Приказни” опфак’а само неколку приказни. Иако тој дел требаше да биде многу поголем, во него влегоа само оние неколку приказни поради тоа што бројот на на- родните приказни што се печатени досега не е голем, а и оние што ги имаме се слабо раскажани, а некои од нив и слабо за- бележани Пословици и гатанки не внесовме, оти сметавме дека со нив нема нешто особено да се добие. Во однос на јазикот — иако тоа само по себе се разбира — треба да се потцрта дека внесените творби се препечатуваат во оваа збирка онака како што се издавани во постарите изданија, само со тааразлика што се печатат со нашата азбука. Се водеше сметка да се даде најТочно што се може со совре- мената наша азбука она обележување на некои знаци што го имаме во оригиналот. Каде што во нашата азбука немавме знак за некој глас што се слуша во овие краишта, ние се по- служивме и со други кирилски знаци (ъ, ь). Само меките т, д ги обележивме со нашите знаци к’ , г’. Мекото л, во разни случаи го обележивме со нашиот знак љ или со лј кога зад мекото л се слуша и мек елемент. Треба да се забележи дека и разните собирачи, на овие народни песни, дури и кога се тие од еден крај — се служат со различни знаци, особено за бележењето на мекото т, к, л, а особено за изговорот на старото јат (ѣ). Во врска со тие нивни бележења нигде не се даваат објасненија за изговорот на соодветниот глас, така што сега читачот останува во недоумица. како треба во извесни случаи да се прочита ова или она обележување. Тоа особено важи за народните умо- творби од Неврокопско, каде што има често невешти и не- правилни обележувања. Затоа во тие случаи се дава во збир- кава онакво обележување какво што го дал запишувачот, иако тоа често не го предава живиот изговор. Иако во бележење на изговорот на овој или оној глас има недоследности, дури кај еден и ист забележувач, иако има често и грешки, дури и во граматичките форми на овие народни умотворби, треба да се забележи дека во нив е за- пазен народниот јазик. Тој јазик е македонскиот народен јазик, односно еден негов дијалект. Тоа е говорниот дија- лект на Македонецот од Пиринска Македонија, оној дија- лект (или дијалекти), на кој зборува и денеска понеобразо- ваната маса од тој македонски крај. Се разбира дека денеска по градовите на Пиринсќа Македонија интелигенцијата од тој крај зборува или се мачи да зборува на литературно бугарски јазик. Тој стремеж да се зборува литературно бугарски можете понекојпат да го видите и по пиринските поголеми села или кај малограг’анството и чаршијата. Но тоа е сосем јасно. Дури чудно би било ако беше инаку. Тргајк’и од говорот на интелигенцијата од овој крај и земајќ’и го него како општонароден говор на Пиринска Ма- кедонија, од одговорни места на БКП во последно време се направија заклучоци дека јазикот на населението во Пирин- ска Македонија бил бугарски јазик. Колку се македонски или колку се бугарски говорите во Пиринска Македонија по- кажува материјалот што влезе во оваа збирка на народни умотворби. Тој, секако, зборува за македонскиот карактер на говорите во Пиринска Македонија. Што к‘е се најдат во тие говори (особено во Неврокопско) црти на родопските бугарски говори, тоа е сосем природно. Перифериските говори секојпат имаат општи црти со блиските говори, макар и од лодруг тип, односно од друга јазична група. Тоа особено важи за јазиците што се на Балканскиот Полуостров, каде што етничките, па со нив и јазичните граници, не се толку јасно фиксирани. Секако, овде не му е местото да се влегува во лингвисти- чко разгледување на говорите во Пиринска Македонија. Оваа збирка има сосем друга цел: да ја запознае нашата поширока читателска публика со народните умотворби од Пиринскиот крај на нашата земја. Во таа смисла редакторите на оваа збирка направија се’ што може да направат за да го претста- ват овој наш крај и во тој сектор на нашата национална култура. Се разбира дека можеше оваа збирка да биде и попотполна и попречистена во секој поглед, ако можевме да имаме директен допир со Пиринска Македонија. Редакторите

Similar books